Пред десетина дена во книжарницата Магор во Скопје се оддржа промоцијата на македонскиот портал SocialNet специјализиран за вести од сферата на социјални медиуми и ИТ.
На презентацијата присуствуваа многу пријатели и соработници на порталот а покрај официјалната презентација на порталот имаше и две предавања од Ива Дујак и Борис Ефтимовски, на теми поврзани со социјалните медиуми и интернет пазарот во Македонија.
Борис Ефтимовски (блогер, маркетинг и ПР консултант, директор за маркетинг во SunWireless ) зборуваше за “Комерцијалниот развој на online-медиумите со тесно таргетирана публика“ и на присутните им претстави неколку важни предизвици и премиси неопходни за создавање на платформа каде медиумите кои таргетираат тесно-дефинирана целна група ќе може комерцијално да се развиваат притоа презентирајќи информации и статистики за развојот на новите трендови во сферата на онлајн маркетингот и медиа планирањето во Македонија и светот.
Ива Дујак (блогер, раководител на секторот за дигитални операции во Brand Union и маркетинг менаџер на независниот театар Theatra) на присустните им претстави неколку интересни socialmedia кампањи и даде неколку препораки како да се направи една успешна socialmedia кампања со малку пари.
Она во што сите говорници се сложија е дека на македонската интернет сцена се потребни портали кои ќе бидат специјализирани за пооделни аспекти од развојот на маркетингот, кои ќе ја промовираат индустријата и ќе овозможуваат афирмирање на дебатата за трендовите и практиките кои се практицираат на домашната и светската маркетинг сцена. А на крај тие медиуми можат единствено да опстанат доколку добијат поддршка од самата индустрија.
Во таа насока раѓањето на SocialNet е нешто што треба да биде поздравено од сите учесници во маркетинг-медиумскиот простор и да биде поддржано токму од самата фела.
Маркетинг365 им ја честита промоцијата, им посакува многу добри статии, верна публика и редовни банери :)