Се сеќавате ли на финскиот хеви метал бенд Lordi, кој што во 2006 година победи на Евровизија?
Бендот препознатлив по своите „откачени“ маски неодамна беше ангажиран од кинеската технолошка компанија OnePlus со цел промоција на новиот паметен телефон OnePlus Nord 4 – единствениот телефон со 5G технологија и вештачка интелигенција кој има целосно метално куќиште (изработено од алуминиум).
Централниот спот на хумористичната кампања е снимен во документарен стил, следејќи ги членовите на бендот во нивната мисија да водат целосен „хеви метал“ живот – што секако ја подразбира и употребата на мобилен телефон кој е целосно изработен од метал.
Видеоспотот ни прикажува дел од нивната работа во студио, додека ја снимаат новата песна со заразаен референ – “Made of Metal” („Направено од метал“) – специјално напишана за самата кампања. Истата можете во целост да ја слушнете на следниот линк.
Кампањата е создадена во соработка со комуникациската агенција The Romans, дел од независната агенциска мрежа Mother.