Германскиот авиопревозник Lufthansa ве повикува конечно да го остварите патувањето од вашите соништа со лансирањето на нова глобална кампања која ве става во средината на патувачкото искуство – веднаш штом ќе ја допрете мобилната апликација на компанијата.
Во главниот филм на кампањата, протагонистката е магично пренесена од секојдневниот живот до дестинациите од нејзините соништа, во исто време како што ги пребарува летовите во мобилната апликација на Lufthansa.
Ја придружуваме на едно прекрасно патување, откривајќи инспиративни локални искуства. Ја гледаме во ресторан во Шангај, како плива во тиркизните води во близина на Рио де Жанеиро, како купува сендвич во Њујорк, ги истражува раздвижените улици на Мумбај, танцува на свадба во Рим и се восхитува на пустината во Јужна Африка.
Инспириран од магичниот реализам, наградуваниот режисер Никлас Ларсон (во продукција на Iconoclast) создаде неверојатно визуелно патешествие кое совршено ги спојува реалноста и сонот.
Кампањата е осмислена и имплементирана од меѓународен тим на агенцијата Serviceplan, под водство на креативните директори Тил Дистел, Ерик Бариос Хернандез и Волфганг Варзилек.