На конференцијата на Apple што се одржа во Купертино беа претставени нови модели на iPhone, со две различни големини на екранот, прнесува Kajgana.com.
И двата уреди поседуваат нов Retina HD дисплеј, iPhone 6 ќе има екран со дијагонала од 4.7 инчи, додека iPhone 6 Plus од 5.5 инчи. Обичниот iPhone 6 ќе има резолуција од 1334 x 750, iPhone 6 Plus од 1920 x 1080 пиксели. Стаклото од предната страна на краевите е заоблено.
iPhone 6 е тенок 6.9 милиметри, додека iPhone 6 Plus 7.1 милиметар, станува збор за најтенките уреди кои Apple досега ги има направено.
Двата нови уреди имаат нов А8 процесор. Новите модели имаат и M8, дополнителен чип кој се занимава со управување на бројни сензори.
Камерата на новиот iPhone има 8 мегапискели, Focus Pixel, True Tone flash, нов сензор и побрз фокус. Двата уреди можат да снимаат 1080p видео со 30 и 60 фрејмови во секунда, како и забавено видео со 120 и 240 фрејмови во секунда.
iPhone 6 поседува дигитална стабилизација, додека iPhone 6 Plus има оптичка стабилизација на фотографијата.
„Мило ни е што денеска можеме да го најавиме најголемиот технолошки напредок на iPhone уредите“, со овие зборови Тим Кук ја започна презентацијата.
iPhone 6 ќе чини 199 долари (16GB), 299 долари (64GB) и 399 долари ( 128 GB), додека iPhone 6 Plus 100 долари повеќе во секоја конфигурација.
Новите модели доаѓаат со NFC поддршка со што е претставен и нов сервис за плаќање од страна на Apple наречен Apple Pay. Ова е систем за плаќање преку оваа технологија посебно развиена од страна на Apple..
Apple Pay
Apple Pay претставува систем за плаќање преку мобилен уред. Се што ќе биде потребно за да се купи определен производ ќе биде минувањето со прстот преку читачот на отисоци за прсти.
Apple Pay сервисот првично ќе биде достапен само во САД и ќе се реализира во соработка со Американ Експрес, Мастер Кард и Виза.Секако, идејата е ова услуга со тек на време да биде достапна и насекаде низ светот.
Погледнете повеќе за сервисот во следново видео од официјалната промоција:
Apple Watch
Паметниот часовник, зад кој се креаваше голема прашина и пред неговата официјална промоција, наречен Apple Watch дефинитивно ги оправда очекувањата.
Како што пренесува 365.com.mk, уредот има правоаголен дисплеј, заштитен со стакло од сафир. Сензорите под новиот екран може да откриваат не само допир, туку и нивоа на притисок. На овој начин навигацијата станува димензионална, со тоа што секое копче или мени може да има функција при благ или посилен допир
Apple Watch доаѓа со неколку иновативни и целосно нови технологии. Една од нив е т.н. „дигитален допир”. Преку соодветна апликација која се започна со копчето под круната, корисниците на часовникот можат да комуницираат едни со други само преку допир. Apple Watch го пренесува точниот број и форма на допири или гестови од еден уред на друг. Корисниците дури можат да го слушнат својот пулс, кој се чувствува во форма на вибрации.
Паметниот часовник на Apple поддржува интеграција со гласовниот асистент на iOS – Siri. Со притискање и држење на круната корисниците можат да поставуваат гласовни команди, за да ги контролираат функциите на Apple Watch или да диктираат пораки.
Известувањата во новиот уред на Apple се нарекуваат Glances. Преку лизгање од почетниот екран корисниците имаат пристап до последните известувања за пораки, календарски настани и контрола над музиката. Apple Watch има жироскоп, акцелерометар и сензор за пулс, кои ќе ги следат финтес активностите на носителите. Сите информации се синхронизираат со апликациите Fitness и Workout.
Се разбира, Apple Watch ќе работи екслузивно со смартфоните на Apple, а освен новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus ќе се поддржуваат и iPhone 5, 5S и 5c.
Продажбата на Apple Watch ќе почне во почетокот на 2015 година по цена од $ 349.