Во 2019 година, се очекува глобалната потрошувачка на огласувањето да се зголеми за 4,6%, нешто помалку во однос на претходните проценки, а 2021 година ќе биде првата година на едноцифрен раст на трошоците за интернет огласување од 2001 година наваму, според предвидувањата на компанијата Зенит.
Компанијата во сопственост на француската огласувачка група Публицис во извештајот објавен во понеделникот, наведува дека интернет огласувањето ќе претставува 52% од глобалното огласување во 2021 година, што за прв пат ќе ја надмине границата од 50 проценти.
Извештајот временски се совпаѓа со моментот кога компаниите за огласување, вклучувајќи го и лидерот на пазарот WPP, бележат пренасочување на клиентите на користење на интернет платформите, како што се Google и Facebook со цел да стигнат до потрошувачите.
Компанијата на поранешниот шеф на WPP Мартин Сорел- S4 Капитал во декември ја купи огласувачката компанија MightyHive од Сан Франциско, со стратегија да влезе во малкубројните играчи во светот на дигиталните медиуми и огласување, потсетува Ројтерс.
Моментално, според податоците на Зенит, 47% од вкупните глобални трошоците за рекламирање отпаѓа на интернет огласување, за разлика од 44% минатата година, но се очекува да се забави стапката на раст затоа што пазарот на интернет огласување веќе станува зрел.
“2021 година ќе биде првата година на едноцифрена раст трошоците на интернет огласување од 2001 година наваму”, изјави Џонатан Бернард, шеф на Одделот за проекции во Зенит.
Меѓутоа, додека големите брендови сеуште во голема мера зависат од традиционалните медиуми, локалните и малите бизниси ги трошат своите буџети за огласување во целина на платформи како Google и Facebook. Спротивно на тоа, големите огласувачи трошат значително помалку од половина од нивните буџети за онлајн огласување.
Се очекува дека вкупниот глобалната потрошувачка за рекламирање ќе се зголеми за 28 милијарди долари во 2019 година, спорд проценките на агенцијата Зенит, додавајќи дека за околу половина од овој раст ќе бидат заслужни САД. По придонес за тој раст, на второ место е Кина, а следат Велика Британија и Индија, објави компанијата Зенит.