Овој септември, сите патишта повторно водат кон Ровињ
Настанот што ги привлекува и обединува сите кои се заинтересирани за трендовите и новитетите во медиумскиот и агенцискиот свет – Викенд Медиа Фестивал, се враќа во голем стил и оваа година ќе се одржи од 23 до 26 септември во Ровињ. Четиринаесеттото издание на најдобриот регионален фестивал се враќа во просториите на старата фабрика за тутун и под слоганот “I love Weekend” ќе го слави животот, љубовта и заедништвото.
Главниот фестивал за медиумската индустрија каде што се создаваат нови, креативни идеи во секое од неговите изданија е изборот на повеќе од 6.000 експерти, предавачи, панелисти, посетители, странци, локални жители и сите оние кои сакаат да научат за новостите во индустријата, да ги споделат своите искуства и успешни практики и да ги продискутираат новите и претстојните трендови.
На традиционалното место, покрај крајбрежјето на Ровињ, фестивалот ќе трае три дена и покрај интересните панели и дискусии, ќе биде загарантирана и врвна забава. Се разбира, сето тоа со почитување на мерките што ќе ја гарантираат безбедноста на сите учесници и гости.
Со денот на најавата на новото издание на Викенд Медиа Фестивал започнува и продажбата на Early bird tickets по најповолни цени, кои се резервирани само за периодот од 7 до 13 јули!
Се гледаме на најдобриот Викенд во годината!