Помина предолго време од последниот пат кога ја видовме нашата инспиративна заедница, па оваа година фестивалот Денови на комуникациите – срцето на комуникациската индустрија – се враќа со неверојатна програма, релевантни теми и многу потребна доза на витамин Д.
Среде неизвесноста во Европа, ние стоиме со сите во Украина и нивните сакани ширум светот. Свесни дека во немирни и предизвикувачки времиња е императив да се продолжи да се живее и да се работи со добра волја што е можно подобро, агенциите на HURA и организаторите на Денови на комуникациите им помагаат на жртвите на различни начини и придонесуваат за најпозитивниот исход.
Ова е причината зошто Деновите на комуникациите 2022 повторно, можеби повеќе од кога било, ќе се фокусираат на постигнување на својата цел: да се води индустријата кон напредок и да помогне во создавањето на подобра иднина, од 31 март до 3 април во хотелот Lone. Препознатлив по својата единствена фестивалска програма која им пркоси на очекувањата и инспирира промени, фестивалот Денови на комуникациите сака да продолжи да го користи својот неконвенционален пристап за да ги освои срцата на сите заљубени во критичкото размислување, свежите идеи и иновативните технологии.
„Тешко е да се опише енергијата на иновативноста и оптимизмот што може да ја создаде група на неверојатно талентирани креативци и комуникатори. Многу добро ја познаваме оваа енергија, а спомените што ќе ги создадеме оваа година ќе бидат екстра драгоцени по последните две години“, рече Дуња Ивана Балон, директорка на фестивалот и програмата. „Нашата заедница директно се соочи со предизвиците благодарениа на својата генијалност, емпатија и размислување надвор од рамката – овој фестивал се одржува во ваша чест. Едвај чекаме да се видиме во Ровињ“ – додава таа.
Фестивалот Денови на комуникациите на едно место собира влијателни лидери кои создаваат подобра иднина за нашата индустрија и општеството во целина, вклучувајќи ги: Џејмс Викторе од САД, автор на бестселерот “Fect Perfuction”, уметник и дијанер кој изложувал во MoMA и Лувер; Марија фон Шел-Плесен од Италија, директорка за медиуми и комуникации на Gucci во 37 пазари од регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка; Крис До од САД, дизајнер со Еми-награда и милиони следбеници на социјалните мрежи; Мерли Џејми од Филипини (поддржано од Dentsu), една од само 8-те жени меѓу 100-те најдобри генерални креативни директори во светот; Реј Инамото од САД (поддржано од Zagrebačka banka), еден од Топ 25 најкреативни луѓе во светот според Forbes; Олга Гутитерез де ла Роза од Холандија, експерт во областа на когнитивните, бихевиористичките и визуелните науки и поранешен глобален потпретседател за дизајн во P&G; Дејвид Орлик од Шведска, експерт за односи со јавност со бројни награди кој менаџирал со една од најнаградуваните ПР агенции во светот – Prime Weber Shandwick; Мунис Кан од Холандија, потпретседателка за стратегија за Европа во Highsnobiety и поранешен директор за стратегија во VICE; Видја Манмохан од Индија, основачка на креативниот конзорциом V4Good и долгогодишна извршна креативна директорка на Grey MENA; Тим Лик од САД, кој доаѓа со едно од најинтересните предавања на Cannes Lions насловено „Грдото продава“; Рејчел Ловенстајн од САД (поддржано од GroupM), глобална директорка за инклузивни иновации во Mindshare; како и еден вистински повратник на Денови на комуникациите: Мр. Бинго – илустратор, уметник и еден од најдобро оценетите говорници.
Неверојатната фестивалска програма во главната сала ќе биде надополнета со програма во Б-салата, која ќе биде објавена наскоро, а која ќе биде посветена исклучиво на разговори и дискусии со најдобрите хрватски лидери, потоа со наградни церемонии и други помошни содржини, кои вклучуваат нови локации за емитување, од кои една ќе биде на плажа бакната од сонцето.
Анѓела Буљан Шибер, претседателка на HURA и член на организациониот одбор на фестивалот, им се заблагодари на старите и им посака добредојде на новите членови на заедницата на Денови на комуникациите: „фестивалот ДК е единствен од самиот почеток. Оваа година со нетрпение го очекуваме фестивалот како да е нов почеток. Можеби и повеќе. Конечно ќе се видиме на едно место, ќе се инспирираме од разговорите и ќе бидеме мотивирани да се справиме со новите предизвици. И други го споделуваат нашиот излив на љубов – луѓето беа трпеливи овие две години и не ги повлекоа фестивалските билети. Чувствуваме обврска да возвратиме и бидете сигурни дека тоа и ќе го направиме – имаме одлична програма и очекуваме освежувачки и корисни дискусии“. Во емпатичниот дух на комуникациската индустрија, таа исто така ги покани сите да донираат за УНИЦЕФ, нашиот партнер кој активно им помага на децата во Украина.
Фестивалот Денови на комуникациите беше одложен во март 2020 година, само неколку недели пред планираниот почеток. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк.