Уште седум дена кога ќе ги наградиме најуспешните и највлијателните мажи кои оставија белег во 2024 година.
И на ова седмо издание, атмосферата ќе биде исполнета со емоции, изненадувања, музика и секако незаборавни моменти!
„Мажи на годината“ е повеќе од само настан – тоа е платформа која слави постигнувања, храброст и визија на мажите кои ги обликуваат нашите заедници и општество. Од успешни претприемачи и иноватори, до хуманитарци, уметници и спортисти – оваа награда ги препознава луѓето кои не само што се извонредни во својата професија, туку и се инспирација за идните генерации.
Зошто се организира овој настан?
Целта на „Мажи на годината“ е да се истакнат нивните постигнувања и да се покаже дека храброста, трудот и посветеноста вредат да бидат наградени. Овој настан ја поттикнува јавната свест за важноста на лидерството и позитивните примери во нашето општество.
Седмото издание ќе се одржи на овој 25ти ноември во Националната Опера и Балет.
Наградите ќе бидат доделени во различни категории, од бизнис и спорт до култура и хуманитарни достигнувања.
И оваа година сакаме да им се заблагодариме на нашите спонзори, без чија поддршка овој настан не би бил можен, особено на нашиот генерален спонзор Адмирал Казино.
Нивната посветеност и доверба во нашата визија ни овозможуваат да го создадеме ова незаборавно искуство, кое ја слави успешноста и постигнувањата на најдобрите мажи во различни области.
Ние сме благодарни што имаме партнерства со брендови и компании кои ја делат нашата страст за промовирање на лидерство, иновации и хуманитарни вредности како што се: Hecho a Mano, Premium Safety, Imperial Tobacco, СН Осигурителен Брокер, Givenchy, Badel и др.
Овој настан, како и сите претходни години, ќе собере влијателни личности од сите сфери на животот,
Следете не во последните денови на подготовка, да дознаете што ќе се случува на грандиозното седмо издание на „Mажи на годината“.