“Иновациските единици во рамки на етаблиран бизнис не успеваат сами по себе”, е нагласениот став на David Rowan, уредник на Wired.
David, еден од говорниците на ‘’Global Future Forum’’ во London минатата недела предупреди дека соочувајќи се со постојаната дисрупција никој не може да се чувствува релаксирано.
1. Креативни партнерства
За етаблирани бизниси кои имаат желба да го променат status quo- то на нивните бизнис модели стапувањето во креативни партнерства е витален процес.
General Electric е еден од примерите за креативно партнерство со различни организации кои поттикнале иновација и ја забрзале промената.
‘’Кога нештата функционираат преземете ги во рамките на компанијата. Најпаметните иноватори разбираат дека не треба да направат се и да поседуваат се,“
Етаблираните бизниси можат да им дадат пристап на стартапите “Старт-апите се наоѓаат во Дарвинистичка борба за опстанок а етаблираните компании не размислуваат на тој начин “. Rowan верува дека кога луѓето со различни вештини се здружуваат за да ги направат нештата заедно, тоа всушност е и клучот кој ја поттикнува промената.
2. Користење на податоците на креативен начин
Сите сме опседнати со потребата за информации.
Еден од најголемите предизвици е да се следат податоците за милијардите купувачи во Кина на пример, но да го земеме за пример за собирање на податоци следењето на податоците кое Кинеската Пошта го прави за да следи што се продава во кинеските продавници и тоа го прави доста успешно.
Ова значи дека доколку вашите производи се од брендот “Шанел“ вие можете да направите анализа кои производи на брендот Dior ги купува одредена демографска група на луѓе. Податоците значат доста за бизнисите, но ова подразбира константна работа и вложување на деноноќен труд за да се соберат потребните податоци.
3. Ја прифаќаат мрежата
Дисруптивните компании не ги гледаат поединците како водачи, тие ја гледаат мрежата која константно се менува. “Мрежите прават дисрупции во традиционалните бизнис модели, а ова е само почетокот,” изјави Rowan.
Како пример можеме да ги земеме апликациите кои ги пронаоѓаат луѓето кои сакаат да готват, оние кои сакаат храна, овозможувајќи им на брендовите да заработат на желбата за готвење и храна.
Мрежите креираа револуционерен момент кој моќта ја помести под мрежата хиерархиски.
Во овој нов екосистем, бизнисите се обраќаат на толпите на заедниците, дури и членови на тимови се регрутираат преку форуми.
4. Преобликување на проблемите
На кој начин може да се преобликуваат ‘’проблемите’’?
Еден од примерите за преобликување е Oscar, американски осигурителен бренд кој се однесува како апликација и Lemonade, осигурителна компанија која го преобликува осигурувањето. Успешните дисруптори ги поместуваат своите пазари на нови полиња и терени. Во свет каде што постои пазар за широка потрошувачка, може да се видат брендови кои се преформулираат себе си за нови пазари како што е случајот на GoPro кој се предефинира себе си како lifestyle бренд.
5. Ја анулираат фрикцијата
WhatsApp го должи својот успех на анулирањетона фрикцијата за кое Rowan верува дека е клучот за успехот. ‘’Овој производ не содржеше фрикции затоа и не му беше потребе маркетинг ‘’
6. Ја овозможуваат колизијата
Zappos е само еден успешен пример каде брендовите чиј број постојано расте бараат да се креира физички простор каде ќе се случат непредвидливи, судбоносни колизии – конекции помеѓу брендовите.
7. Го менуваат од ново корисничкиот интерфејс во зависност од промените
Начинот на кој пристапува на Интернет денес нема да е ист со оној во иднина.
‘’Вештачката интелигенција има забрзан раст толку брзо што емоциите ќебидат следната нова граница’’.