Штотуку ги дефиниравте вашите трошоци за ангажирање на ПР компанија или ПР консултант во вашата компанија. Креиравте план и потрошивте доста часови во состаноци со повеќе агенции обидувајќи се да ги проверите референците и да ги дефинирате разликите во нивните понуди. Избравте компанија и понуда за која сте вистински возбудени. Договорот го потпишувате и копијата ја доставувате до соработниците. Ви честитаме на изборот!
Што потоа?
Сме чуле бројни митови за недоволната ефективност на PR компаниите, за извршните директори кои се премногу зафатени со добивањето на нови зделки наместо да потрошат драгоцено време и да ги насочат своите клиенти и парнери во вистинската насока. Може да поминат и месеци без да се разгледаат или пак да се разговара за очекувањата, со што двете страни може да бидат разочарани и незадоволни од недоволната видливост на резултатите додека во исто време се трошат доста финансиски средства.
Доколку сте се соочиле со оваа приказна, денес ви презентираме 7 совети со чија примена вие ќе обезбедите ефективна и плодна врска со Вашиот PR партнер од самиот почеток на истата:
- Назначете одговорни лица за контакт
За да работите со PR компанија ефективно, назначете задолжено лице за контакт.
Конструктивното работење со PR партнер во исто време значи и постојана комуникација, споделување на идејни решенија и идеи преку бреинсторминг сесии, обезбедување на неопходни податоци и информации кои ќе помогнат при оформувањето на приказните на компанијата.
- Дефинирајте KPI индикатори и јасни цели
Многу извршни директори на компании би изјавиле дека доколку се појават на некоја популарна програма или шоу или пак во весник ги исполниле своите главни и единствени PR цели.
Соработувајте со својата агенција и дефинирајте јасни цели кои се поврзани со иницијативите и визијата на целокупната компанија, истакнете ги достигнувањата на своите производи/ услуги во фокусот, свесноста за брендот или пак целите за човечките ресурси во компанијата.
На овој начин вашиот PR план ќе го рефлектира вашиот бизнис и ќе води кон поефикасно и стратегиско постигнување на целите на начин на кој ќе бидете наградени.
- Обезбедете постојани известувања.
Секој од нас е зафатен, но поттурнувањето и одложувањето на неколку состаноци ќе креира временска рамка во која нема да имате увид во напредокот толку колку што би посакувале.
Издвојувајте барем 20 минути во текот на неделата за телефонски повик упатен до лицето одговорно за контакт. PR компанијата ќе ве извести за досегашните активности, ќе ги сподели своите идни активности и пред се ќе може да се советува со вас за се она што и е потребно за понатамошната работа.
Доколку вашите активности и производи се менуваат постојано, контактот со PR компанијата ќе обезбеди соодветен проток на податоци потребни за договорената стратегија.
- Инвестирајте доволно време на самиот почеток
Вашиот ПР партнер ќе биде вашиот најгласен, екстерен бренд репрезент кој ќе ја споделува мисијата и визијата на вашата компанија со целиот свет.
Поминете доволно време и споделете ги вашите вашите идеи за споделување на вашата мисија, визија и вредности на компанијата и обезбедете им преглед низ историјата на компанијата.
Колку повеќе податоци споделувате кои би биле вредни за нивната работа, толку и ПР репрезентативноста на вашиот бренд пред новинарите ќе биде органска и автентична.
5.Вклучете го својот ПР партнер во својот тим
ПР партнерот (агенција или консултант) добро е да присуствува и на одредени состаноци во рамките на вашата компанија со цел да добие подобро чувство за се она што се случува во рамките на компанијата и секако во се она што може да ја подобри нивната работа.
6.Кои се компаниите кои ги застапува вашата ПР фирма/консултант?
Овој податок е особено важен и за вас, затоа разговарајте со вашата PR компанија/ПР консултант отворено за нивните клиенти затоа што добро би било доколку согледате дека постојат развојни можности, партнерства и можности за соработка истите да ги искористите. Поттикнете го својот PR партнер да размислува креативно на кои начини би можел да генерира потенцијални соработки со некои од постоечките клиенти.
- PR партнерите се екстензија на вашиот тим, тие се амбасадорите на вашиот бренд
Вклучете ја ПР компанијата во вашите активности, поттикнете ја почесто да го промовира и лично вашиот бренд на различни настани.
PR компаниите исто така би можеле доста да ви помогнат при тестирањето на нови особини на вашите производи а со тоа и да ви дадат вредни мислења, затоа што доволно го разбираат вашиот бизнис а воедно и конкурентите на пазарот.
ПР компаниите пред се ќе ви помогнат да бидете креативни и ќе ви помогнат да ги постигнете најдобрите можни резултати. Доколку ги следите 7те наведени совети, ќе бидете чекор поблиску до градење на позитивна и продуктивна врска со вашиот ПР партнер.