Добро познатите тост лебовите на Жито Лукс добија ново, освежено пакување.
Во соработка со маркетинг агенцијата Division, која стои зад повеќе успешни проекти поврзани за оваа компанија, произлезе идејата за модерен и урбан дизајн кој визуелно ги прикажува главните бенефити на омилените вкусови на сите генерации.
Лансирањето на новите пакувања беше поддржано со интегрирана маркетинг кампања на сите медиуми, вклучувајќи ја и симпатичната ТВ реклама која ги разигра македонските ТВ канали.
Станува збор за динамична реклама која на забавен, досетлив и емотивен начин прикажува различни моменти од секојдневието кога секој може да ужива во неодоливите вкусови на лепчињата, нивната совршена форма, долготрајна свежина, мекост и секако практичност, а сето тоа пропратено со весела мелодија.