Брендот за спортска опрема Nike објави ново продолжение на кампањата “Winning isn’t comfortable” („Победата не е удобна“), посветувајќи го на луѓето за кои секој еден чекор претставува победа.
Во краткиот филм насловен “Stairs” („Скалила“) гледаме различни луѓе кои се соочуваат со тешкотии во одењето, што драстично им го отежнува секојдневниот живот кога одат на работа, преминуваат пешачки, се симнуваат по скали, се обидуваат да седнат во ресторан…
Заедничко за сите нив е што не се откажуваат, туку со вистински менталитет на победници чекорат напред – без разлика на дискомфортот што тоа им го предизвикува.
„Најк се стреми да донесе иновации и инспирација за секој спортист во светот. Ако имате тело, тогаш сте спортист. Нашата мисија е она што нè поттикнува да направиме сè што е во наша можност за да го прошириме човечкиот потенцијал. Тоа го правиме преку создавање револуционерни спортски иновации, со тоа што ги правиме нашите производи поодржливи, со градење на креативен и разновиден глобален тим и со позитивно влијание во заедниците каде што живееме и работиме“ – стои во описот на новата реклама.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Wieden+Kennedy.