Брендот за мебел IKEA лансираше нова интегрирана кампања за пазарот на Обединетото Кралство и Ирска со која ги промовира своите производи за безбедност на домот.
Централниот спот на кампањата прикажува снимки на среќно семејство кое ужива во безбедноста на својот дом, овозможена од „набилдани плишани мечиња“ кои се тука да му служат и да го заштитуваат семејството. Рекламата завршува со слоганот „Every home should be a haven“, односно „Секој дом треба да биде засолниште“.
Покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата ќе вклучува и онлајн, радио, дигитал и out-of-home активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother и продукциската куќа Pretty Bird.