Брендот за брза храна McDonald’s го слави својот 50. „роденден“ на германскиот пазар, а нивниот „омилен“ конкурент Burger King е тука за да им го честита на еден задевачки начин.
Имено, Burger King се реши да се разбара низ историските архиви и да пронајде средновековни сликани минијатури кои прикажуваат крал и дворски шут т.е. кловн, односно маскотите на двата брендови.
Burger King потоа ги зема овие слики и ги постави на билборди низ Минхен, проследени со текстот „Секој крал има потреба од кловн. Среќен 50. роденден МекДоналдс Германија“.
Покрај тоа што се најдоа на билборди, креативните честитки со средновековна тематика беа споделени и на социјалните мрежи. Меѓутоа, можеби најхумористичен беше подвигот на Burger King да постави една таква креатива на камионче и да го вози покрај првиот ресторан на McDonald’s во Германија. :)
Според маркетинг директорот на Burger King за Германија, Клаус Шмајнг, сето ова било направно од љубов и дека всушност компанијата многу благодарна што McDonald’s го отвори патот за гастрономска револузија во Германија пред 50 години.
Кампањата била реализирана со помош на креативната агенција INGO Hamburg.
View this post on Instagram