Глобалната асоцијацијата на водечки тренинг центри одржа годишен самит во Солун
Семос Едукација ја доби престижната титула „Тренинг центар на годината” (LLPA Most Valuable Member), на годишниот самит на Асоцијацијата на водечки тренинг центри во светот. Годишниот самит на Leading Learning Partners Association (LLPA), се одржа во Солун, Грција, од 27 октомври до 1 ноември, и на едно место ги собра сите 32 водечки тренинг центри од 56 земји ширум светот. Со ова признание Семос Едукација се наградува за посветеноста на иновациите и постојаното унапредување на образовните стандарди.
Самитот во Солун беше уникатна можност за глобална размена на идеи и иновации во образованието, каде што се одржаа интерактивни работилници со посебен фокус на најновите трендови во образованието, вештачката интелигенција и дигиталните технологии. Работилниците создадоа простор за споделување на најдобрите практики и воспоставување на нови партнерства кои ќе влијаат на идниот развој на глобалното образование.
Со ова признание, Семос Едукација не само што го потврдува својот лидерски статус, туку и поставува нови стандарди за идните генерации ученици и обучувачи, обезбедувајќи им вештини и знаење потребни за успешна иднина во дигиталниот свет.
„Наградата за тренинг центар на годината е резултат на нашата долгорочна посветеност на обезбедување врвни образовни искуства и иновации. Ова признание го потврдува нашиот лидерски статус во примена на вештачката интелигенција во образованието, како и нашата способност да предвидиме и воведеме најсовремени образовни практики. Нашиот фокус на иновации и имплементација на напредни технологии, особено вештачката интелигенција, ни ја обезбедија оваа награда, која ја потврдува нашата позиција како лидер во глобалната едукативна индустрија. Ќе продолжиме да ја обликуваме иднината на образованието и да го подобруваме учењето за нашите студенти“ – изјави Валентина Тасева, директорка и сопственичка на Семос Едукација.
Како еден од основачите на Leading Learning Partners Association, Семос Едукација е член на оваа глобална мрежа од 2013 година и активно учествува во развојот на стратегиите за учење и унапредување на професионалните стандарди во образованието применливи во светски рамки.
LLPA е глобална организација која ги обединува водечките образовни институции и едукативни центри, поттикнувајќи иновации и соработка за унапредување на квалитетот на учењето и развојот на вештините.