Señor амбалажата за Искрените вина Матковиќ е сместена помеѓу 200 најдобри на светот според изборот на легендарниот Lürzer’s Archive! На оваа повеќекратно наградувана амбалажа и` се посветени дури 6 страници, но и насловната страна на посебното издание на Lürzer’s Archive, кое секоја втора година го собира најдоброто од најдобрите дизајни на пакувањата во светот.
“Обично нас не` поврзуваат со супер кампањи и затоа ми е драго што влеговме во овај избор како уште еден доказ за креативниот пристап кон пакувањата кои ги гледаме како одличен медиум на првата линија на комуникација со потрошувачите” – изјави Вања Блуменшајн, главен креативен директор на Señor.
Lürzer’s Archive е магазин кој од 1984 година е синоним за врвна креативност, а влегувањето во неговото печатено издание е чест за секоја агенција.