Понекогаш може да слушнете од спортските коментатори како познатата американска тенисерка Серена Вилијамс е всушност вистински супер-херој, како по својот атлетицизам на теренот, така и по ѕвездениот статус надвор од него.
Токму тое е идејата која ја користи телевизискиот сервис DirecTV Stream, претходно AT&T TV, за својата нова кампања. Сервисот истовремено нуди телевизија во живо и готови содржини, или конкретно во рекламата – спортски натпревари и играни филмови. Па така, гледаме спот во кој Серена Вилијамс од тениски натпревар се претвора во Wonder Woman која „тепа“ тениски роботи во трговски центар.
Спотот отпочнува со сцена во која еден парт седи на својот кауч и зборува за телевизискит сервис. Мажот почнува да менува напоредно помеѓу два канали, спортски и филмски, при што двата се спојуваат во едно, односно во фантастичната сцена со Серена Вилијамс опишана претходно.
На крајот тој комично заклучува: „Тоа не беше во филмот“, на што жената одговата: „Веројатно е продолжената верзија“.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Chiat Day\Los Angeles.