Популарниот бренд на прехрамбени сосови Heinz лансираше нова кампања на британскиот пазар во која го истакнува „сериозно добриот“ квалитет на нивниот мајонез, претставувајќи го како производ за гурмани.
Централниот спот на кампањата се фокусира на три „гурмански“ личности на различни возрасти за кои консумирањето на мајонезот на Heinz претставува вистински ритуал. Ваквата посветеност дури станува дел од нивниот идентитет и за тоа добиваат препознатливост во нивниот круг на пријатели и познаници.
Кампањата има и свои скратени верзии на рекламата, односно 10-секундни мини-спотови кои ги претставуваат поединечните приказни на „гурманите на мајонезот“.
Пораката на кампањата се преточува и во самото пакување на мајонезот, така што препознатливата етикета на Heinz е дополнета со зборовите „сериозно добар“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH London и продукциската куќа Hogarth.