Уште малку време преостана до почетокот на седмото издание на BalCannes, регионалното натпреварување на најдобри агенции, поточно уште три недели.
Пријавите траат до петок, 7 септември, а доколку сеуште се сомневате дали да се пријавите или не, прочитајте ги шестте причини зошто треба да го направите тоа:
- Претставете се пред клиентите
Со текот на годините, регионалните агенциски директори, креативците и бројните учесници го препознаа BalCannes како платформа која им нуди на агенциите можност да се претстават пред голем број огласувачи, потенцијални клиенти и медиуми.
- Освоете го Cannes
Најдобрата агенција на BalCannes ќе има можност да се натпреварува со свој проект на Cannes Lions 2019– најпознатиот меѓународен фестивал на креативност.
- Бидете една од најдобрите агенции во регионот
Во текот на годините, BalCannes се позиционира како место каде што на вашето работење се доделува призание од претставници од целиот регион и како проект кој ги негува спецификите на пазарот и неговите потрошувачи на регионално ниво.
- Дознајте како на вашите проекти гледаат клиентите, агенциите и медиумите
Само во BalCannes, единствениот концепт на натпреварување ви овозможува увид во одделните мислења на различни претставници на професијата: клиентите, агенциите и новинарите.
- Станете дел од базата на BalCannes Yellow Pages
Сите пријавени проекти стануваат дел од BalCannes Yellow Pages, онлајн база на рекламни агенции, која служи во текот на целата година како корисна алатка за огласувачите кои се во потрага по нови деловни партнери.
- Впишете ги вашите проекти во Креативно портфолио од Media Marketing
Станува збор за книга која ги собира на годишно ниво наградуваните проекти од регионалната комуникациска индустрија, вклучувајќи го и BalCannes. Во книгата, сите кампањи се презентирани целосно преку краток бриф до крајниот резултат и придружени со клучни визуелни елементи.
Повеќе информации на www.balcannes.com.