Еве нешто што не го гледате секоја ден: Шевролет искористи принт за да ги покаже своите дигитлни видеа.
Кампањата, која го промовира Шевролетовиот Colorado truck, се појавува во Мајскиот број на одредени претплатени изданија на Esquire и Popular Mechanics…. И им овозможува на читателите да гледаат едно од три кратки видеа, создадени од кретивната агаенција на Шевролет Commonwealth//McCann.
Oколу 10 000 претплатници на Esquire и Popular Mechanics – определени како можни купувачи на Colorado – добиле копии со видео плеер вметнат во списанието. “Имавме одлични дигитални видеа кои ги создадовме за лансирањето на Colorado и помисливме, зошто да не… го ставиме видеото во принт”, изјави Џил Мида, менаџер на Chevrolet Truck Advertising. “Шевролет ја разгледа целосната потрошувачка дата-база на Haerst, за да одлучи кои 20 000 читатели најдобро се вклопуваат во профилот на купувач на Colorado и кои треба да ја добијата рекламата“, додаде Мида.
Таа не кажа колку вкупно чини кампањата, но за AdAge рече дека “очигледно е скапа”. Видео-во-принт рекламите се дел од маркетиншките напори на Шевролет за Colorado. Печатени реклами за Colorado (кои не вклучуваат видео) има и во списанијата Men’s Health, Sports Illustrated, Backpacker, Surfer, Bike and Dirt Rider. Веќе има и ТВ реклами, како и дигитални реклами.
Но, ова не е првпат за некое списание да вметне видео во принт. Во 2009, Entertainment Weekly, во сопственост на Time Inc., употреби Americhip за да стави видео реклама на CBS во печатено издание.
Директорите на Heerst, сопственик на Esquire и Popular Mechanics, рекоа дека идејата за ставање видео во принт произлезе на еден состанок на кој разговарале за промовирање на видеата на веб-сајтовите на списанијата.
“Но, почнавме да разговараме подлабоко за како да ги вметниме во списанијата”, истакна Џек Есиг, издавачки директор на Hearst Men’s Group. “Секогаш бараме иновативни начини како принтот да ‘оживее’. Ова беше еден од оние ‘Аха!’ моменти”.
Компанијата по име Americhip ја создаде технологијата која овозможува видео да биде вметнато во принт. Esquire има создадено репутација во испробувањето нови технологии во печатениот и дигиталниот простор. Под раководството на главниот уредникот Дејвид Грангер, списанието експериментираше со т.н. електронска хартија како и со неделно таблет-издание и paywalls на одредени статии.