Sony Interactive Entertainment објави нова епска реклама за својата конзола за видео-игри PlayStation.
Овој пат спотот се фокусира на шахот, меѓутоа во верзија каков што никогаш не сте го виделе досега – двајца градски „тајкуни“ т.е. „кралеви“, кои поместуваат „фигури“ низ улиците на црно-бел град во епска битка за доминација.
Бркотници, адреналин, акција, брзи коли, тешко вооружени паравоени формации, две опасни кралици…. за на крајот, шах-мат да зададе првиот поместен пион во целата игра.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Riff Raff.