Мексиканскиот бренд на чипс Sabritas (локална верзија на Lay’s, дел од PepsiCo) лансираше нова реклама како дел од својата платформа за спарување на јадења, овој пат предлагајќи комбинација на ладен сендвич со прилог од компирен чипс.
Главна ѕвезда на рекламата е колумбиската поп-ѕвезда Шакира, која во дует со анимираниот сендвич Mr. Cheese го изведува салса хитот “Ven, Devórame Otra Vez” („Дојди, проголтај ме повторно“) од Лало Родригез. Спотот, очекувано, завршува со сцена во која Шакира го јаде сендвичот со чипс, уживајќи на балконот од својата хотелска соба.
„Шакира ни подари прекрасни моменти преку нејзината музика и неспоредлив глас. „Дојди, проголтај ме уште еднаш“ е една од нејзините омилени песни, па покрај тоа што уживаше во пеењето и танцувањето на нејзината мелодија, помисливме дека тоа ќе биде совршен спој за да го прикажеме духот на Sabritas на забавен и музички начин. Многу сме возбудени што работиме со неа бидејќи оваа музичка соработка ни овозможи да покажеме како и во најмалку очекуваните моменти можеме да најдеме блесоци на уживање“ – објаснува изјави Клара Контрерас, маркетинг директорка во Sabritas.
Рекламата е создадена од страна на креативната агенција Isla México, во соработка со продукциската куќа Rebolucion, а ќе се емитува на седум пазари во Латинска Америка.