Луксузниот британски моден бренд Burberry се приклучува на Божиќните прослави со специјална празнична модна колекција и кампања чиј главни ѕвезди се колумбиската пејачка Шакира и нигерискиот пејач и продуцент Бурна Бој.
Филмот започнува со расејување на подароци завиткани во препознатливиот кариран дезен на брендот додека Бурна Бој чекори низ свежо паднатиот снег, група класични музичари исполнуваат драматична музика, а Шакира со голема самодоверба чекори по свечени маси кои се трансформираат во модна писта.
Според брендот се работи за: „Филм со брз ритам каде познатите моменти на празнични подготовки се замислуваат преку препознатливиот објектив на Burberry: самоуверено, индивидуално, смело, оригинално и слободно“.
Кампањата истовремено ја означува првата официјална соработка на двајцата популарни артисти со луксузниот моден бренд.