Ако викендов го користевте Snapchat и се движевте радознало низ спортските канали или секцијата Discover, најверојатно добивте покана од Under Armour за да играте игра.
Таа игра, на Snapchat корисниците им овозможува да влезат во светот создаден од најновата рекламна кампања на Droga5 за Under Armour каде глуми Камерoн Њутн.
Наместо да гледате во NFL ѕвездата,треба брзо да ги избегнете различните пречки. Ќе играте во улога на фудбалерот Камерон Њутн, а вашите прсти ќе се одговорни за тоа колку брзо, како и во која состојба ќе ги избегнете овие пречки.
“Сметаме дека постојат повеќе начини за нашата публика да ја демонстрира моќта за движење, нови можности и моќта на производите кои ние сме ги создале околу нив“, вели Jim Mollica, потпретседател за глобални потрошувачки ангажман во Under Armour.
Играта, која се фокусира на различни движења со нозе, влегува во делата изработени за околу шест недели, според Mollica. Таа, исто така им помогна на Under Armour да достигне до целната публика на возраст од 14 до 22-години, кои учат во средно училиште и колеџ за спортисти, или студенти спортисти. Демо верзијата веќе се прикажува на Snapchat.
Создадени во соработка со RED Интерактивната Агенција, интерактивната игра претставува “бескраен тркач”, објаснува Mollica, што значи дека играчите се во можност да се трчаат околу најразлични пречки, најчесто дрвја и волци-за сепак долго да бидат во можност да го задржат фудбалерот Њутн жив.
“Имаме реклама од 10 секунди кои се појавува во секцијата Discover, поврзана со Спортски настани или содржина од таква област“, рече Mollica. Откако корисниците ќе завршат со играта, тие се способни да го покажат нивниот постигнат резултат, а воедно и да го испратат на своите пријатели. Кога нивните пријатели ќе видат, веднаш се во можност да кликнат на неа и да започнат со игра.