Американскиот бренд на пицерии Papa Johns одлучи да ја врати специјалната понуда на пица во форма на срце по повод „Денот на вљубените“, а со цел нејзина промоција ја ангажираше поранешната кошаркарска ѕвезда Шекил О’Нил.
Рекламата отпочнува со сцена во која Шекил работи во кујната на Papa Johns, потпишувајќи ги кутиите со нарачки и посакувајќи им љубов на нарачателите. Меѓутоа, поради монотонијата на работата (сепак се работи за многу пици), се чини дека О’Нил е малку изморен од сето тоа.
Но, во еден момент, една од колешките го дофрлува зборот “Baby”, кон претходното „Love, Shaq“, формирајќи забавен рефрен кој му ја разбива монотонијата на големиот кошаркар. Наеднаш, тој почнува да танцува на диско хитот со слично име – “Love Shack” од 1989 на групата B-52’s, ширејќи ја љубовта во кујната на Papa Johns.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Camp + King и продукциската куќа Hungry Man Productions.