Францускиот луксузен бренд за облека и козметика Chanel лансираше шармантна реклама во пресрет на американскиот Ден на мајката (8 мај).
Во спотот гледаме разигран перформанс на она што навидум изгледа како мали кутии и шишенца од препознатливите козметички производи на Chanel. Но, нешто не штима…
Линиите на пакувањата не се прави, боите се невоедначени, а текстот е пишуван рачно – далеку од перфекционизмот на луксузен бренд како Chanel. Но, евидентно е дека нивните креатори максимално се вложиле во нивната креација.
Па, откако камерата ќе се доближи, а „кутиите“ и „шишенцата“ ќе ги тргнат своите маски, гледаме дека всушност се работи за деца кои решиле да им приредат забавна претстава на нивните мајки!