Сега кога мобилните станаа најинтимно со нас поврзана технологија, тоа може да биде и добра причина истата да не потсети на човечноста, па и на нашата смртност.
Приврзани сме природно кон оние апликации кои имаат нагласени човечки карактеристики и кои континуирано не следат наоколу, како што е и случајот на Siri и добро познатата Alexa кои многу се корисни.
Водејќи се од ваквиот пристап, апликацијата Shazam во соработка со Innocean Woirldwide UК поттикнати од страна на Alzheimer’s Research UK, на апликацијата Shazam—и дадода способност да заборава во рамките на најновата кампања.
“The Day Shazam Forgot” (‘’денот кога Shazam заборави’’), апликацијата не беше во можност да ги запомни имињата на песните чии називи беа побарувани од страна на корисниците. Кога апликацијата ‘’конечно’’ успеваше да се сети на насловите на песните на корисниците им беше покажувана call to action опција која насочуваше кон покана за донирање за каузата за Алцхајмеровата болест.
Целта на кампањата воедно беше и будење на свеста кај младите дека оваа болест не само што може да се појави кај постари лица, исто така станува грижа и кај млади лица на возраст од околу 40 година.
Повеќе од 40,000 луѓе под 65 годишна возраст живеат со деменција само во Велика Британија.
Кампањата резултирала со 2,018,206 импресии, како и 5,096 посетители кои биле пренасочени кон страната за донации на Alzheimer’s Research U.K.