Медиската агенција Dentsu X го соопшти назначувањето на Шенда Логнејн како нова глобална претседателка на овој водечки медиски бренд во групацијата Dentsu, која ќе биде одговорна за одржување на врските со меѓународната база на клиенти и за стратегијата за раст и развој на компанијата.
Шенда ќе ја претставува Dentsu X и нивниот интерес во глобалниот раководен тим на медискиот оддел на групацијата Dentsu, предводен од претседателот за глобални медиски практики Вил Свејн. Шенда исто така ќе стои на врвот на глобалниот раководен тим на Dentsu X, надгледувајќи ја работата на сите 52 пазари во кои агенцијата делува ширум светот.
„Во рамките на нашите глобални медиски практики во Dentsu, Dentsu X отсекогаш била агенциска мрежа предводена од искуство, која се истакнува во спојувањето на најдобрите луѓе, способности и иновации за да ги задоволи потребите на нашите клиенти. Стратешката визија на Шенда, заедничкиот пристап, победничкиот начин на размислување и нејзината страст за поместување на границите во медиската сфера се токму она што ќе создаде зголемен раст за нашите клиенти на Dentsu X. Со Шенда на чело, едвај чекам да видам како Dentsu X ќе го надоградува својот позитивен моментум од изминатите неколку години“ – истакнува Вил Свејн, претседател за глобални медиски практики во Dentsu.
По повод нејзиното назначување, Шејна додаде: „Dentsu X е толку уникатна агенција. Родена на Истокот, таа е совршен спој на иновации, креативност и испорака на деловни резултати, обвиен во духот на бренд-предизвикувач и со вроден етос на соработка и агилност во градењето тимови и решавање на предизвиците на клиентите. Тоа е таа острина и дух кои навистина ме привлекоа кон брендот и навистина со нетрпение очекувам да започнам со работа“.