Јапонскиот производител на автомобили Toyota ја објави својата нова Божиќна реклама наменета за американскиот пазар, насловена “Like No One’s Watching” („Како никој да не гледа“).
Рекламата ја следи приказната на една млада жена по име Клара, која што работи во супермаркет. Таа се согласува да го жртвува своето слободно време и да работи за време на Божиќ, кога сите други ќе уживаат во друштвото на своите сакани.
Во пресрет на празникот, пак, Клара неуморно се обидува да шири добрина во своето соседство, помагајќи со намирници и доделувајќи подароци. Се чини, како Клара секогаш да ги става другите пред себе.
Но, на денот на празникот, кога таа се враќа дома од работа и очекува да го помине остатокот од денот во самотија, сите нејзини соседи се појавуваат да ја пречекаат и заедно со неа да го прослават Божиќ.
„Ајде да шириме добрина овој празник“ – повикуваат од Тојота на крајот од рекламата.