Пријавите за семејно насилство во Канада пораснале за повеќе од 30% од стартот на пандемијата, а поради карантинските рестрикции, жртвите се принудени да минуваат повеќе време затворени со нивниот домашен злоставувач.
Меѓутоа, едно од ретките места каде жртвите може да излезат од својот дом и да дојдат во контакт со потребната помош, се всушност маркетите каде тие пазарат намирници за дома.
Во нова кампања за допирање до овие жртви и нивно запознавање со контакт за помош, организацијата за згрижување на жртви на семејно насилство Interval House и адвертајзинг агенцијата UNION поставија штандови на јаболка со модринки во повеќе супермаркети и локации низ градот Торонто.
Иако од далеку може да се чинат како пресозреани јаболка кои почнуале да скапуваат, во суштина се работи за баш свежи јаболка, но со намерно направени модринки. На секое од јаболката е залепена посебна налепница која купувачите ги потсетува на проблемот со домашното насилство, како и контакт-број за пријавување на такви случаи.