Во 1982 година, основачите на Swatch се соочиле со голема одлука која ја обликуваше иднината на сите понатамошни дизајни на часовници од брендот. Брилијантните инженери на Swatch, кои го прифатиле предизвикот да го создадат првиот модел на брендот, произвеле неколку прототипови, вклучувајќи различни тркалезни и квадратни часовници. Потоа им ги презнтирале на основачите на компанијата со прашањето: Каква форма ќе има нашиот прв часовник?
Од различни причини, било одлучено дека првиот часовник на Swatch, под име GENT, ќе има кружен облик. По четири децении, тој историски избор сè уште влијае врз развојот на брендот, прераснувајќи во препознатливо обележје на неговите производи. Но, што ако првиот Swatch беше квадратен?
Благодарение на Swatch BIOCERAMIC, добивме одговор на тоа прашање. Иновативната комбинација на керамички прав со био-материјали доведува до извонредна цврстина и издржливост што на брендот му помогна да ги надмине предизвиците поврзани со уникатниот квадратен дизајн.
Инспирирана од првиот прототип на квадратен часовник на Swatch пред 40 години, новата колекција “BIOCERAMIC WHAT IF?” разгледува една алтернативна и забавна реалност, во која четири квадратни часовници разиграно го предизвикуваат статус-квото.
Четирите квадратни модели се издвојуваат од останатите часовници на Swatch со своите црвсти квадратни рабови и куќиште од 33 mm x 33 mm. Куќиштето, круната и токата од биокерамика го отелотворуваат иновативниот дух на Swatch, додека квадратното стакло од едниот до другиот раб го издигнува чувството на модерност. Од задната страна на куќиштето, секој капак за батеријата има бројчаник од еден од првите прототипови од 1983 година во знак на почит на 40-годишнината од првиот часовник GENT.
Ремчето создадена од биоматеријал, исто така прво од својот вид во историјата на Swatch, го комплементира целиот дизајн на начин што било невозможно да се изведе пред 40 години.
Новите квадратни часовници на Swatch се достапни по цена од 110 американски долари.
Официјален застапник на Swatch во Македонија се Божиновски часовници и накит.