Македонскиот пивски бренд Скопско пред неколку денови ја лансираше својата нова кампања насловена „Што го прави македонскиот ритам посебен?“.
Централниот спот на кампањата претставува колаж од повеќе снимки кои претставуваат еден генерален пресек на македонската земја и македонската култура која секојдневно се создава со проткајувањето на судбините на два милиони луѓе од сите возрасти и делови на нашата прекрасна земја.
Сите нив ги обединува единствениот ритам на нивното срце, преточен во суштината на македонскиот музички мелос: „За најубавата песна и најубавиот ритам на светот. За сите нас кои му даваме душа!“ – наздравуваат од Скопско.
Спотот е проследен со изведба на композицијата „Малешевка“ од албумот „Македонисимо“ на македонскиот виртуоз Симон Трпчевски, а компонирана од легендарниот Панде Шахов. Покрај музиката, Симон Трпчевски го позајмува и својот глас за нарација на новиот спот на Скопско.
Кампањата е создадена во соработка со агенцијата Публицис Скопје и продукциската куќа Сектор Филм. Режисер на спотот е Мирослав Стаматов, додека пак директор на фотографија е Игор Вуковиќ.