Истражувањето за состојбата на светскиот дигитален пазар кое секоја година го спроведуваат организациите Kepios, Hootsuite и We Are Social знае да понуди многу интересни податоци, од тоа кои се најкористените социјални мрежи во светот или некоја специфична држава, до тоа кои се најпребаруваните клучни зборови на YouTube.
Па така, според публикуваното истражување, најпребаруваните клучни зборови на YouTube во светот во 2018 година биле:
- Song
- Songs
- Movies
- Music
- Baby
- DJ
- Karaoke
- Musica
- Fortnite
- Hindi movie
- Minecraft
- New song
- เพลง („музика“ на тајландски)
- BTS
- Comedy
- Música
- Cartoon
- Peppa
- WWE
- Songs 2018
Што се однесува пак до македонските граѓани, тие на YouTube во 2018 година најмногу ги пребарувале следните клучни зборови:
- Zadruga
- GP
- Music
- Zadruga uzivo
- Fortnite
- Songs
- Mama
- Rasta
- Noizy
- Fero
- Parovi
- Ceca
- Tallava
- Tose Proeski
- Despacito
- Eminem
- Meda
- Ilahi
- Aca Lukas
- Bebe
Што најмногу Ви падна во очи? :)