Добар дел од луѓето сметаат дека децата имаат постојана потреба од интеракција со голем куп на играчки или пак со екрани за да бидат стимулирани. Но, еден нов социјален експеримент на производителот на играчки LEGO покажува дека тоа не мора да биде така.
Компанијата покани шест деца да седат само во бела соба со само една маса и столица – „најдосадната соба на сите времиња“. А, потоа им дале ролна бела хартија.
Полека, но сигурно, децата изнајдоа начини како да се забавуваат во собата, користејќи ја хартијата и мебелот за да направат „колиба“, да играат фудбал, да се облечат како дух или суперхерој, меѓу останатото.
Кампањата демонстира дека играта може да постои секаде, дури и во најдосадната соба во светот. Од LEGO се надеваат дека родителите ќе се приклучат на нивната иницијатива за изнаоѓање моменти на игра во нивниот секојдневен живот.
Според спроведените истражувања на LEGO, играта е суштинска за детското учење, овозможувајќи им да развиваат важни вештини како креативност, самодоверба, соработка, физичка координација и концентрација.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Ketchum London и продукциската куќа Mad Cow Films.