The Gerety Awards го отвори конкрусот за пријавување на кампањи за новото издание на наградниот фестивал, заедно со повик за акција до креативната индустрија како целина.
Кога некое наградно жири има полова застапеност од 50/50, тоа секогаш се големи вести за медиумите. Но, и покрај сите позитивни пораки за таквата практика, мнозинството од членови на жири-комисиите сѐ уште се мажи.
Како првиот адвертајзинг фестивал кој воспоставува контра-баланс така што сите жири-членови се жени, Gerety Awards се одлучија да создадат кампања за подигнување на свесноста која ќе ја натера индустријата да зборува за ова прашање.
До истакнати жени-лидери во адвертајзинг индустријата беа испратени виолетови мустаќи, повикувајќи ги да се фотографиираат со нив и заедно со прашањето: Што треба да направи една жена за да биде дел од некое адвертајзинг жири?
„Како фестивал со уникатен пристап кон половата еднаквост, Gerety Awards го имаше кредибилитетот и храброста да го направи својот повик за пријавување да биде нешто многу поголемо. После декади на ситуацијата „таа едната девојка во жирито“, промените конечно почнаа да се случуваат, но ова е само почеток и ние мораме да ја продолжиме диксусијата понатаму. Понекогаш, исмејувањето на статус квото е најдобриот начин тоа да се промени,“ истакнува Светлана Чопиќ, основач на агенцијата No Agency, која стои позади кампањата на Gerety Awards.
Фестивалот Gerety Awards за прв пат беше лансиран во јануари 2019 година и го означува првиот пат како едно жири беше составено за да ги оценува најдобрите креации во адвертајзингот од женска перспекрива. Жените носат 80% од одлуките за купување, па ваквиот фестивал поставува бенчмарк кој е релевантен за пазарната реалност, истовремено корегирајќи ја иднустриската норма на жири-комисии доминирани од мажи.
Крајниот рок за пријавување на кампања за наградниот фестивал е 13 март 2020 година. Сите видови на медиа можат да бидат пријавени во која било од 10-те наградни категории: „Media“, „Innovation“, „Entertainment“, „Communication“, „Craft“, „Experience“, „Works for Good“, „Health“, „Pharma“ и „Portfolios“. Сите адвертајзинг кампањи лансирани помеѓу јануари 2019 и крајниот рок имаат право за пријавување. Кампањите ќе бидат жирирани врз основа на два критериуми: оригиналноста на идејата и нејзината изведба.
Повеќе инфомации на официјалниот веб-сајт www.geretyawards.com.