Библиотеката на медиски stock-содржини Shutterstock објави дека го финализиралe договорот за купување на GIPHY – „најголемата колекција на гифови и стикери во светот“ – од технолошкиот гигант Meta, по цена од 53 милиони американски долари.
Мета беше принудена да го придаде GIPHY по одлука на британскиот регулатор за пазарна конкуренција, изразувајќи загриженост дека Мета може да ги блокира конкурентите како Twitter и Snapchat да пристапуваат до содржините на GIPHY.
Мета го купи GIPHY во 2020 година за 400 милиони американски долари, што значи дека сега ја продаде компанијата со значителна загуба. Претставник на Мета изјавил за телевизијата CNBC дека компанијата е „благодарна на тимот на GIPHY“ за нивната соработка „во ова неизвесно време“.
Со купувањето на GIPHY, Shutterstock има намера да се прошири надвор од границите на професионалниот маркетинг и огласувањето и да се „нурне“ во „секојдневните разговори“ на луѓето ширум светот.
Имено, GIPHY ќе го засили досегот на Shutterstock до 1,7 милијарди дневни корисници ширум светот преку повеќе социјални платформи, вклучувајќи ги Facebook, Instagram, TikTok, Twitter, Snapchat, Slack и Microsoft Teams.
Компанијата предвидува дека купувањето на GIPHY ќе донесе „минимален“ приход во 2023 година, но планира да ги засили напорите за монетизација и заработка преку гиф-библиотеката во 2024 година.