Шведскиот бренд Lakerol прави субверзија на холивудската тропа на мотивациски говор пред голема битка со цел да поттикне зголемена потрошувачка на бонбони.
Инспирирајќи се од познатите мотивациски говори на Мел Гибсон како Вилијам Волас во филмот Braveheart, или пак Расел Кроу како римскиот генерал Максимус во Gladiator, брендот Lakerol се одлучи на хумористичен начин да го илустрира својот долгогодишен слоган “Makes People Talk” („Ги прави луѓето да зборуваат“)
Пренесувајќи го овој јазик од големиот екран во секојдневниот живот, кампањата илустрира како добро темпиран мотивациски говор може да ја донесе посакуваната промена во домашната околина, како и на бојното поле, вклучително и за убедување на вашите пријатели дека би било добра идеја да излезете во ноќен клуб петок навечер.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBDO Nordics и продукциското студио Business Club Royale. Брендот бонбони Lakerol е дел од европскиот гигант за кондиторски производи Cloetta.