Американскиот технолошки гигант Microsoft соопшти дека генералниот маркетинг директор, Крис Капосела, си заминува од компанијата после 32 година поминати во неа.
„Крис и јас работевме на неговиот план за наследување веќе некое време, и бидејќи оваа нова ера на вештачка интелигенција е пред нас, решивме дека ова е вистинско време да го спроведеме тој план во акција“ – напиша извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, во порака до вработените.
На местото на Капосела доаѓа Такеши Нумото, кој и самиот е маркетинг ветеран со 26-годишен стаж во компанијата. Надела го опиша Нумото како „фантастичен мислител на системи кој работи од крај до крај на сите функции од инженерство до финансии, од операции до продажба“.
Крис Капосела ќе остане во Microsoft до крајот на календарската година, со цел да се обезбеди непречена транзиција.