Во спортот, не зависно од тоа дали станува збор за олимписки натпревар или за утринско трчање во парк, постои заедничка вистина, а тоа е дека силата започнува од стомакот. Здравиот дигестивен систем е темелот на виталноста, енергијата и менталната стабилност. Без него и најсилните мускули и најдобрата кондиција остануваат недоволни.
Токму затоа таеквондистката Милијана Релиќ, која е симбол на посветеност и дисциплина, го избра Флонивин Форте како свој верен сојузник во победите. Но овој синбиотик не само за елитни спортисти, тој е за секој кој сака да живее активно и рекреативно, да биде во форма и да ја почувствува силата што доаѓа од рамнотежата во стомакот.
Денес, спортот и рекреативното движење се неизбежен дел од животот на многу луѓе. Од утринската јога, преку фитнес тренинзите пред или по работа, па сè до викенд прошетките по планини или паркови, сите овие телесни активности бараат енергија и стабилност на организмот.
Но честопати, вообичаени нешта како промена во исхраната, патување во друг град или држава, стрес на работа или забрзан ритам на живот можат да го нарушат дигестивниот баланс. Токму тогаш заморот го совладува телото, се појавува силно чувство на тежина, па дури и пад на концентрацијата и вниманието.
Со правилна и внимателна грижа за цревната флора, овие предизвици стануваат многу полесни. Затоа Флонивин Форте не е само избор на професионални спортисти, туку и на сите кои го ценат рекреативното движење и здравиот начин на живот.
Цревната флора – невидливиот тренер
Често велиме дека тренерот е оној што ја гради силата на спортистите, но вистинскиот тренер на организмот е цревната флора. Таа е составена од милијарди бактерии кои секојдневно ја вршат најтешката работа, а тоа е да се одржи рамнотежата во организмот.
Истражувањата покажуваат дека квалитетот на функционирањето на имунолошкиот систем е поврзан со дигестивниот тракт. Тоа значи дека здравиот стомак е директно одговорен за енергијата, отпорноста и издржливоста на секој човек. Кога таа рамнотежа е нарушена, било од промена на животна или работна средина, било од неправилна исхрана или стрес, од последиците никој не е поштеден – од професионалниот спортист до рекреативецот што сака едноставно да ужива во движењето.
Флонивин Форте е создаден токму за овие предизвици. Со хармонично создадена формула од 10 милијарди корисни бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum) – внимателно селектирани и природно присутни во нормалната цревна флора. Надополнето и со инулин – природен пребиотик што им помага на корисните бактерии да се развиваат и да создадат силен одбранбен систем во дигестивниот тракт.
Оваа комбинација го поддржува нормалното функционирање на дигестивниот систем и обезбедува стабилна основа за енергија и виталност, што се клучни предуслови за спортување, рекреација и здрав живот.
Ако нема баланс, нема победа
Милијана Релиќ знае што значи дисциплина, жртва и борба на спортскиот терен. Но таа исто така знае дека секој човек води своја лична битка. За некого тоа е освојување медал, а за друг одржување добра форма, совладување на заморот по напроен работен ден или пронаоѓање време за трчање наутро.
„Силата не е само во мускулите, таа е во стомакот. Ако таму нема баланс, нема ниту победа,“ вели Милијана.
Со Флонивин Форте, таа ја добива поддршката што и треба за да остане силна и фокусирана, без разлика дали е на меѓународно натпреварување или на тренинг. Исто така, истиот производ е поддршка и за секој рекреативец, за секој родител што трча по своите деца во паркот, за секој професионалец што бара сила за да издржи долг работен ден.
Флонивин Форте ја пренесува истата порака и до спортисти и до луѓе што живеат вообичаен, но динамичен живот.
Силата што ја чувствуваме секој ден започнува од здравиот стомак.