Еден ирски телеком оператор на одличен начин го искористи принт огласувањето за да ја промовира својата нова услуга
Еве еден пример кој покажува дека огласувањето во печатените медиуми не е мртво, наспроти бројните тврдења на спротивното. Се` уште постојат агенции и компании кои пронаоѓаат одлични креативни начини да се промовираат во печатените медиуми.
Во овај конкретен случчај, ирскиот телеком оператор Еir ја промовираше својата нова услуга, така што сите црни точки во магазинот Дејли меил ги заменија со обоени. И не само точките на крајот на речениците, туку и точките над буквите, но и сите други кои можете да ги замислите.
Зошто го направија тоа? Операторот на крајот на магазинот ја пренесува пораката: „Нема повеќе црни точки“, промовирајќи ја својата нова WiFi Calling услуга која се префрала на WiFi мрежата секогаш кога регуларниот сигнал е многу слаб (таквите места обично се нарекуваат црни точки).
Овај маркетинг потег го осмисли огласувачката агенција Rothco, од каде изјавија дека им требало доста време да го убедат еден од издавачите да ја прифати идејата и посебно го нагласија макотрпниот процес на минување низ целата работа, барајќи ја секоја црна точка да ја заменат со обоена.
Креативниот директор кој стои зад овај маркетинг потег, Shane O’Brien, додаде: „Претпоставувам дека би требало да им се извиниме на дизајнерите во Daily Mail, кои мораа да ја поминат цела ноќ и да го чешлаат целиот магазин за да ги заменат црните точки, една по една.“