Еден од најголемите трговски центри во Хрватска, Westgate, пред околу еден месец поставил повеќе out-of-home реклами кои предизвикаа големи бранувања во хрватската јавност. Имено, плакатите и билбордите на трговскиот центар упатија порака до жените да дојдат на шопинг со „неговата картичка“, што многумина го оценија како сексистичко.
Штом ги видела овие реклами, Невена Црљенко, потпретседателка за односи со јавноста во Philip Morris, точно знаела што треба да направи и како да одговори соодветно. „Овој постер беше само капката што ја прели чашата. Го прочитав текстот, се изнервирав и за неколку минути имав слоган и план, само требаше да средам некои работи пред да го поставам“ – објаснува Невена за хрватскиот „Јутарњи Лист“.
Ваќајки со исти средства, но со многу поголема креативност, Невена Црљенко самостојно закупила голем билборд на фреквентниот „Мост на Слободата“ во Загреб. Билбордот прикажува слика од неа како држи неколку платежни картички, заедно со следниот текст: „Сите гласат на мое име – ги пеглам насекаде во светот, но не и во Westgate“.
Сосем очекувано, билбордот предизвика силна емоционална реакција, така што јавноста ги преплави социјалните мрежи и медиумите со зборови на охрабрување и поддршка за Невена.
„Мостот е многу проточен и знаев дека ако го поставам билбордот на тоа место, ќе го видат 50.000 луѓе кои одат и си доаѓаат од работа секој ден. Верував дека ќе допре до нив и дека ќе предизвика некакви дискусии, кои според првите реакции се покажа како точно“ – посочува Невена Црљенко, додавајќи: „Нашето општество има потреба од ваков разговор, само што јас го испровоцирав на поинаков начин. Имаше добри написи во медиумите, но тие не предизвикаа дебата. Со моите финансиски средства сакам да дадам глас на секоја жена, секоја девојка и секој маж кој нема можност директно и јавно да зборува за овој проблем.“
Победа и големо браво за Невена!