Глобалните брендови во различните култури, дигитализацијата на радијата и револуционерниот потенцијал на blockchain технологијата се само мал дел од интригантните теми кои регионалната комуникациска индустрија ги носи на деветото издание на Викенд Медиа Фестивалот.
Во просторот на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на групацијата Адрис, оваа година, од 22. до 25. септември, овогодинешното издание носи повеќе од 120 говорници и околу 4000 медиа, маркетинг и ПР професионалци. Нив ќе им се приклучат и 350 студенти од целиот регион, како и околу 550 акредитирани новинари.
„Си поставивме амбициозна цел, деветиот Викенд Медиа Фестивал да биде толку многу добар и сите да посакаат да присуствуваат на десетото, јубилејно фестивалско издание. Повторно ќе претставиме некои нови теми и повторно први ќе започнеме приказни за сосема нови технологии за кои за неколку години сите ќе зборат. Секако, неизоставен дел од фестивалот, како и до сега, ќе бидат и одличните забави, а сево ова оваа година ќе биде уште подобро.“ ветува Томо Рицов, Директор на Фестивалот.
Листата на предавачи на фестивалот е предводена од Шон Пекас Костнер (Shawn Pecas Costner), кој 18 години работи во музичката индустрија и е задолжен за промоција на музички ѕвезди како Rihanna, Young Jeezy, Rick Ross, Ludacris, Big Sean и многу други, и е извршен директор во Roc Nation Sports, компанија за спортски менаџмент чиј сопственик е славниот хип-хоп могул – Jay Z. Лазар Џамиќ (Lazar Džamić), директор за стратешко планирање во неколку лондонски креативни агенции и еден од првите дигитални стратези во Велика Британија, ќе го претстави рецептот за речиси совршено огласување преку креирање на успешни пораки во свет на лесно игнорирање на истите. Гости на Викенд Медиа Фестивал ќе бидат и Џарно Ванхатапио (Jarno Vanhatapio) и Магнус Емилсон (Magnus Emilson), двојката која стои зад NA-KD.com, шведска модна електронска продавница која доставува артикли од водечките светски брендови во повеќе од 100 земји низ светот. Разговорот “Еден на еден“ оваа година е резервиран за Зоран Шпрајц и Претседателот на Управата на хрватскиот Телеком – Давор Томашковиќ.
„Предавачите кои до сега ги имаме во програмата се гаранција дека и оваа година во Ровињ колегите од регионот ќе може да понудат информации за најновите трендови во светот. На панел дискусиите исто така ќе собереме луѓе кои на креативен и иновативен начин ја поврзуваат Хрватска и Регионот со целиот свет, а успеваат да направат и чекор напред со што може да се каже дека одржуваме чекор со светот“, истакнува програмскиот директор Никола Врдољак.
Радиото на големи врати се враќа, па на еден од панелите ќе биде објаснето зошто на медиумите за кои се тврдеше дека немаат иднина им растат огласувачките буџети и кои се иновациите кои овозможуваат повторно воздигнување на радиото. За иновациите ќе се збори и на панелот за blockchain технологијата, на која се темели и најпознатата виртуална валута Биткоин (Bitcoin) и овозможува неограничени можности во банкарството, како и во јавните услуги како склучувањето договор. Учесниците на панелот за глобалните брендови ќе разговараат за тоа како да се создаде глобален бренд и како со него да управувате во различни култури и опкружувања.
„Ровињ е на најдобар пат да стане глобален бренд, а Викенд Медиа Фестивалот е настан кој придонесува кон ова преку собирање на креативните и иновативните луѓе од целиот свет. Токму тоа се вредностите на кои е изградена и Адрис групацијата. Ние и понатаму ќе ги промовираме и поддржуваме овие настани.“, изјави Кристина Милјавац, Адрис Групација.
Во рамки на 9. издание на Викенд Медиа Фестивалот повторно ќе се одржи регионалната ревија BalCannes и доделувањето на наградите SoMo Borac. BalCannes се одржува пети пат, а оваа година огласувачите имаат уште поважна улога, затоа што ќе бидат одбрани 25 најдобри проекти од шестте земји од регионот на кои ќе им бидат доделени награди, меѓу кои и за најдобра агенција и проект. Пријавата на трудовите за BalCannes за сите заинтересирани е отворена до 1. Септември. Дигиталната награда SoMo Borac има нова категорија, SoMoRitanac, наменета за најдобрата дигитална кампања која придонела за некоја повисока цел. Пријавите на SoMo Borac се бесплатни, а повеќе можете да дознаете на www.somoborac.com.
Музичката програма од секогаш била еден од најсилните адути на фестивалот. Така ќе биде и оваа година и како што е веќе познато, фестивалската програма ќе биде отворена со голем концерт на Хладно пиво на 22. Септември (четврток).
Пријавите за 9. издание на Викенд Медиа Фестивалот се во тек, а бројот на места е ограничен. Повеќе на: http://2016.weekendmediafestival.com.