Брендот на производи за орална хигиена Colgate лансираше нова кампања во Хонг Конг со која ги предизвикува нереалните стандарди за убавина.
Кампањата насловена “Smile Out Loud” („Насмејте се гласно“) ги ангажира тајландско-африканската инфлуенсерка Сузи Вади и тајландско-австралиската мисица Енхиле-Скот Кемис, кои ги покажуваат своите најголеми и најсветли насмевки, воопшто не обѕирајќи се на идејата за „совршени“ заби.
Colgate се надева дека оваа кампања ќе го поттикне диверзитетот и инклузивноста во регионот, преку промоцијата на позитивен наратив за инаку неискажани или табу теми.
„Ова е првпат како бренд за орална нега директно да се осврнува на проблемот со убавината со кампања која инспирира подлабоко ниво на самодоверба“, рече Линдон Морант, маркетинг директор во Colgate, додавајќи: „За нас, оралната убавина не се дефинира со совршенството, туку со неапологетичниот начин на кој се смеете со какви било заби и со приказни за луѓе кои го живеат ова убедување секој ден. Нема ништо поослободувачко од тоа да го ослободите вашето вистинско јас со вашата најгласна, најневоздржана насмевка“.
Кампањата е создадена од страна на Red Fuse, креативен оддел на агенциската мрежа WPP посветен исклучиво на компанијата Colgate-Palmolive.