Со цел промоција на системот за паркирање на новата 2023 Toyota Camry, јапонскиот авто-производител објави кратка реклама за американскиот пазар која се осврнува на „леснотијата“ на паралелно паркирање, со хумористичен пристап.
Имено, паралелното паркирање за многумина возачи претставува стресен момент проткаен со страв дали тоа ќе биде направено успешно или по грешка ќе биде „зафатено“ некое соседно возило. Но, во рекламата гледаме нешто состем поразлично.
Благодарение на прецизните сензори на Toyota, возачот со голема самодоверба и без тронка страв успева да го паркира своето возило помеѓу големите чопер-мотори на една група „страшни батки“ кои со неверување го набљудуваат целиот процес, кој инаку поминува беспрекорно. Сите очи на Вас, но без тронка страв… :)
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција 22 Squared.