Актерот Џон Хам, познат кај маркетерите по улогата на Дон Дрејпер во серијата Mad Men, е ѕвездата на новиот рекламен спот за Apple TV+.
Премисата на кампањата е дека стриминг сервисот на гледачите им нуди дела од најголемите холивудски имиња, освен од Џон Хам.
Имено, го гледаме познатиот актер како си седи во својот луксузен дом и врти низ понудата на AppleTV+, но е повреден дека нема ниту еден филм или серија со него.
„Еј, Apple, да не ве навредив со нешто? Мислам… Семјуел Л. Џексон, Били Ајлиш, Том Холанд, Крис Еванс? Што е со Џон Хам??“ – се чувстува повреден актерот, обидувајќи се потоа по телефон да добие улога во некој од новите филмови на своите познати холивудски пријатели за Apple TV+.
Хумористичната реклама е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Media Arts Lab.