Од Њујорк во Ровињ, стигнува Џејсон Јерчиновиќ, визионерски менаџер за дигитален маркетинг и глобален маркетинг иноватор во американската агенција Хавас. Ќе ни открие што нè очекува при примена на вештачката интелигенција за маркетингот
Вештачката интелигенција отвори нов свет за брендовите кои со помош на оваа технологија можат да научат многу за преференциите на корисниците и да им препорачаат содржина прилагодена на нивниот вкус. Еден таков пример е Netflix, чии препораки за филмови и серии се еден од начините за поттикнување на корисниците да продолжат со користење на овај сервис. Следејќи го нивното однесување, паметните алгоритми ја градат базата за она што гледачите сакаат, не препуштајќи им ја одлуката само на генијалните режисери.
За придобивките, но и предизвиците од употребата на вештачката интелигенција во маркетингот, на 11-тиот Викенд Медиа Фестивал во Ровињ ќе зборува Џејсон Јерчиновиќ, глобален раководител за маркетинг иновации во реномираната американска агенција Havas во Њујорк. Џејсон Јерчиновиќ е визионерски менаџер за дигитален маркетинг со повеќе од дваесет години искуство во технологија, огласување и маркетинг, од работа со стартапи до водечките брендови во светот.
Тој е еден од светските лидери кога станува збор за примена на вештачката интелигенција за маркетингот. Во Хавас, тој е задолжен за новите AI и CX деловни единици (Havas Cognitive) како глобален шеф за маркетинг иновации. Во својата работа тој користи знаења од областа на вештачката интелигенција, анализа на податоци, технологија, бизнис стратегии и дизајн.
Вештачката интелигенција влегува во сите сфери на животот, па така и во огласувањето. Еден од примерите се четботовите, сè повеќе популарна тема во светот на дигиталниот маркетинг кои имплементирани во платформите за комуникација и апликациите за размена на пораки, се користат за разговор помеѓу брендот и корисникот. Иако ваквите иновативни решенија можат значително да ги подобрат нашите животи, овој познат експерт го поставува прашањето – како да бидеме сигурни дека се користат за вистинските цели?
Минатата година, Фејсбук мораше да ја затвори програмата за вештачка интелигенција, откако два ботови развија свој јазик кој луѓето веќе не можеа да го разберат, а се познати и случаи во кои ботови користеле расистички коментари. Затоа, Џејсон Јерчиновиќ се залага за создавање на етички кодекс кој ќе го ограничи користењето на вештачката интелигенција во маркетингот и ќе обезбеди транспарентност и доверба. Во своето предавање на Weekend, ќе се обиде да ги утврди границите кои огласувачите никогаш не би требало да ги поминат.
Најголемиот регионален комуникациски фестивал ќе се одржи од 20 до 23 септември на добро позната локација во старата фабрика за тутун во Ровињ, а овогодишни партнери се Франција и Германија. Сите маркетери можат да ги пријават своите проекти на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот и овој пат тој ќе бидат претставени на најважните дигитални награди SoMo Borac.