Доколку пристигнете на станицата Clapham Common tube station, можете да добиете претстава дека овие наши крзнени пријателчиња ^^ платиле за ваков маркетинг и се спремни за светска доминација :)
Нема да бидете далеку од својата претпоставка затоа што ова е дело од проектот на CATS.
Но за наша среќа ова е делот каде што ќе ве информираме дека толку од оваа конспиративна теорија , затоа што CATS е тим на “социјални адвертајзери” кои се одговорни за оваа бизарна кампања.
Кампањата е отпочната преку Kickstarter со повеќе од 700 претплати на корисници кои собраа околу 23.000 GBP за да се отпочне проектот, а креаторот на оваа идеа James Turner во еден свој блог – пост , се изјасни дека не станува збор за маркетинг затоа што луѓето кои стојат во позадина се волонтери.
Целта на овој пристап е да се инспирираат луѓето да имаат нов поглед на светот околу нив и да сфатат дека поседуваат моќ за да го променат.”