Главниот домен на Кралството Тонга – .to, овозможува ставње на емотикони наместо името на доменот напишано со текст, а вакви домени можете да купите уште сега
Кралството Тонга е пацифичка островска држава на која и припаѓа главниот интернет домен – .to. Меѓу првите во светот на овај домен е овозможено резервирање на имиња составени од низа знакови кои според Unicode стандардите се толкуваат како емотикони. Така сега е возможно за 45 долари годишно да се резервира интернет домен кој во својот назив носи некој емотикон или комбинација на повеќе од нив.
Во понудата се наоѓаат речиси сите емотикони од Unicode стандардите, а голем број домени со овие знакови се веќе закупени. Целата понуда можете да ја погледнете на овде.
Некои популарни емотикони во .to домените се издвоени како „премиум“, па таквите домени чинат и до 10 илјади долари. Слична понуда може да се искористи и на доменот .ws на државата Самоа, но ако оваа идеја ви се допаѓа, внимавајте – Chrome и Opera имаат проблеми со прикажувањето на емотиконите во полето за впишување на URL адресата.