Новите модели на Шкода се очекуваат со поголемо внимание од оние на Мерцедес е заклучокот од истражувањето кое го објави TNS во во се открива дека последната генерација на Шкода Superb, предизивка поголемо внимание од корисниците на интернет од премиерата на луксузните SUV модели на Мерцедес-Бенц.
Секако, сето ова не е случајно бидејќи Шкода активно ги таргетираше корисниците на дигиталните медиуми како би ги проширила вестите за своите новости, а во склоп на сето ова и често нудеше бесплатни тест возења како би предизивикале поголема live интеракција со фановите и секако внимание и коментари со социјалните мрежи и интернет сајтовите.
ТNS за време на истражувањето ги следеше блоговите, форумите и социјалните мрежи на кои одбраа 3000 влијателни корисници на дигиталните медиуми, луѓе од Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија кои ставаа релевантна содржина на интернет, активно коментираа и имаа силна социјално-медиумска моќ.
Најмногу коментари за новите модели на автомобилите на интернет во текот на јуни имало за:
- Skoda Superb 8.1%
- Mercedes GLE 5.9%
- Renault Kadjar 5.8%
- Renault Espace 4.8%
- Mercedes GLC 4.6%