Чешкиот автомобилски бренд Škoda отпочнал глобална адвертајзинг ревизија во пресрет на лансирањето на нова бренд платформа, известува адвертајзинг магазинот Campaign.
Брендот, кој инаку е дел од групацијата на Volkswagen, сака да инвестира во обнова на својот бренд идентитет за да може успешно да се натпреварува со своите поголеми конкуренти.
Ревизијата се реализира со помош на консултантската компанија The Observatory International од Лондон, барајќи агенција која има „меѓународно влијание“.
„Одделот за глобални маркетинг комуникации на Škoda бара да назначи долгорочна глобална креативна агенција со меѓународно влијание за поддршка на нејзините тековни цели за продажба и раст“ – објасниле од The Observatory International за Campaign.
И покрај сето ова, ревизијата нема да влијае на регионалните агенции на брендот.
„Ревизијата влијае само на односите на Škoda со глобалните креативни агенции и нема да влијае на нејзините односи со медиските агенции по региони или поединечни пазари“ – се додава во известувањето до медиумите.
Пред само две недели, чешкиот автомобилски бренд го најави лансирањето на нова бренд платформа со објавувањето на ново, модернизирано лого.